172
Рафаел Леао ќе го пропушти натпреварот против Кремонезе. Португалецот има проблем со мускул на десната нога и поради тоа нема да биде во комбинација за мечот со Кремонезе.
Од Милан информираат дека Леао ќе биде следен од ден на ден и ќе се проценува неговата состојба пред гостувањето кај Лече. Ова е нов удар за „росонерите“ кои се потпираат на брзината и креативноста на Леао во офанзивниот дел од играта.
Инаку, тој се повреди на стартот на натпреварот против Бари во Купот на Италија, откако постигна погодок за водство.