Лудогорец се засили со Бразилец пред двомечот со Шкендија

by riste
1 минути читање

Амбициозниот бугарски клуб, Лудогорец донесе бразилско засилување во пресрет на дуелот со Шкендија од плејофот за пласман во Лига Европа.

Се работи за 22-годишен напаѓач, Матеус Мачадо кој во Лудогорец доаѓа на позајмица од саудискиот Ал Фатех. Тој беше договорен уште пред крајот на јули, но клубот не успеа да го регистрира за двомечот со Ференцварош и тој дебитираше дури во текот на минатиот викенд против Локомотив Софија.

Мачадо има искуство во бугарскиот фудбал затоа што кариерата како интернационалец ја почна во Черно Море каде на 15 натпревари постигна шест гола. Иако напаѓач, Бразилецот нема којзнае каков голгетерски ефект како професионалец имајќи предвид дека на 63 натпревари последните четири сезони постигна 16 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×