Барселона во 5 до 12 може да го регистрира Маркус Рашфорд за првото коло во Ла Лига откако Спортинг Лисабон реши да плати 11 милиони евра за во целост да го купи Франсиско Тринкао.
„Каталонците“ и оваа сезона мака мачат да ги регистрираат новите засилувања, но се чини дека Ханси Флик сепак од првото коло на располагање ќе ги има Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд.
Повредата на Марк андре тер Штеген отвори простор за да биде регистриран голманот, а сега во 5 до 12 се отвара и шанса за регистрација на Маркус Рашфорд.
Спортинг Лисабон попладнево соопшти дека е одлучено во целост да го купат Франсиско Тринкао.
Португалецот пред две години беше продаден на „лавовите“ за 7 милиони евра, но Барса задржа дури 50% од неговата сопственост.
Спортинг Лисабон не сака во иднина да ја дели сумата добиена од продажба на Франсиско Тринкао, па сега ќе искешира 11 милиони евра.