Македонија Ѓорче Петров се засили со колумбиско крило

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонија ЃП доби ново офанзивно засилување пред второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Крилниот напаѓач Екснејдер Гереро потпиша за „лавовите“ и во Скопје пристигна како слободен агент по настапите во панамскиот шампионат. Сепак, во пролетната полусезона Гереро беше без клуб и сега потребно е да се врати во форма.

Гереро има 28 години и игра на десната крилна позиција. За него ова ќе биде прво европско искуство, откако најголемиот дел од кариерата го мина во својата родна Колумбија, бранејќи ги боите на Атлетико Хуила, Индепендиенте Санта Фе, Хагуарес и Куиндио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×