Според неофицијалните информации на повеќе локации во Гевгелија е извршена полициска акција, а сето тоа било поврзано со спорниот натпревар од финишот на минатата сезона во Втората македонска фудбалска лига меѓу Кожуф и Башкими.
Отворена беше постапка во ФФМ, во УЕФА, но и во Министерството за внатрешни работи поради сомнеж за местење на спортски резултат. Сега согласно истрагата биле издадени наредби за претрес од страна на Јавното обвинителство.
Информациите велат дека станува збор за прибирање на материјални докази за вмешаност на седум лица меѓу кои има фудбалери, тренер и лица од раководството на двата клуба.
По прибирањето се очекува обработка на материјалните докази, а потоа и изнесување во истрагата со цел расветлување на случајот.