Агентот на Шешко откри зошто го одбрал Манчестер Јунајтед

by 24 фудбал
1 минути читање

Менџерот на Бенјамин Шешко, Елвис Башановиќ, откри зошто словенечкиот напаѓач го одбра Манчестер Јунајтед пред Њукасл или пак Арсенал.

Во последните месеци се шпекулираше дека условите што ги барале Шешко и неговиот агент биле превисоки за Њукасл и Арсенал, но Башановиќ сега објасни дека клучна била желбата на играчот.

Тешко е да се каже што точно доведе до таква одлука. Секогаш кога не се реализира трансфер, постојат неколку фактори што не се совпаднале. Но најважна беше желбата на Бенџамин што ја има со години, а тоа е да игра за Манчестер Јунајтед. Тоа беше пресудно“, изјави Башановиќ.

Тој откри дека Шешко дури бил подготвен да направи и голем компромис за да ја исполни својата желба.

Поради Јунајтед, беше подготвен да ја намали својата плата за да се реализира трансферот. Како негов агент, направив сè што можев за тоа да се оствари“, додаде тој.

За потсетување, Арсенал одамна се откажа од Шешко и го доведе Виктор Ѓокереш, но Њукасл понуди дури и повеќе пари од „црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×