Пари Сен Жермен вчера го победи Тотнем во битката за трофејот во европскиот Суперкуп, а по овој натпревар Европа доби и нов апсолутен фаворит во борбата за „Златната топка“.
Претходно како фаворити се споменуваа: Ламин Јамал, Осман Дембеле, Мохамед Салах и Витиња, меѓутоа сега едно име се издвојува.
Дембеле вчера беше еден од најважните фудбалери на гигантот од Париз, не постигна гол, меѓутоа констатно се закануваше кон голот на лондонскиот клуб, па така беше прогласен и за играч на натпреварот.
Французинот е вистински лидер во ПСЖ кој издоминира во изминатата сезона и го освои сите трофеи во Франција, но и Лигата на шампионите.
Коефициентот кој обложувалниците го даваат за Дембеле изнесува само 1.14 и не се памети кога претходно некој фудбалер бил поголем фаворит.
Зад него следат, Јамал со 5.5, Витиња со 21, додека Салах има 26.