„Ако ФИФА и УЕФА не реагираат ќе бидат соучесници, Израел уби 420 фудбалери“

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот репрезентативец на Египет, Мохамед Абутрика отворено зборуваше за ситуацијата во Палестина и побара, Израел да биде исфрлен од сите меѓународни натпреварувања.

Абутрика кој во 2008 година беше и втор во ранкингот на најдобрите фудбалери во Африка „без влакна“ на јазикот го обвини Израел.

„Израел уби 760 палестински спортисти, од кои 420 беа фудбалери. Уништени се 140 спортски објекти. ФИФА и УЕФА експресно ја санкционираа Русија поради војната во Украина. Кога ќе го исклучите Израел и ќе ставите крај на окупацијата? Не сакаме само зборови, сакаме дела“, рече Абутрика во живо.

Смета Абутрика и дека ФИФА и УЕФА би биле соучесници, ако не реагираат.

„Ако ФИФА и УЕФА навистина мислат сериозно, мора веднаш да ги суспендираат израелските тимови. Во спротивно, тие се соучесници. И ние, ако молчиме, сме дел од тоа злосторство“, заврши некогашниот репрезентативец на Египет.

Фото: FIFA

Можно е и ова да ти се допаѓа

×