Мартинез за трансферот во Ал Наср: Не ми се веруваше кога ја видов понудата… никој не е подготвен на вакви суми

by bojan
1 минути читање
Ињиго Мартинез ја напушта Барселона и ќе му стане соиграч на Роналдо во Ал Наср.

Ињиго Мартинез го прокоментира изненадувачкиот потег да ја напушти Барселона и да се пресели во Ал Наср, вели дека не можел да каже НЕ на сумата која ја добил од Саудиска Арабија.

Ињиго Мартинез минатата сезона беше еден од најстандардните првотимци на Барселона, а тренерот Ханси Флик сега го планираше за еден од капитените.

Сепак, на две недели пред почетокот на новата сезона, дефанзивецот на големо изненадување беспари ги напушти „каталонците“ и прифати трансфер во Ал Наср.

Одредени шпекулации велат дека тој ќе заработува и до 20 милиони евра годишно во Саудиска Аабија, пари кои тешко се одбиваат.

„Разговарав со Флик, бев искрен со него и знаев дека ќе ме разбере со оглед на тоа што имам 34 години и уште 12 месеци од договорот. Овој воз доаѓа ретко, и тешко е да кажете НЕ. Флик беше прилично изненаден, но му стана јасно по само 2 минути“ – вели Ињиго Мартинез.

„Кога ја видов понудата, не ми се веруваше… Никој не е подготвен на вакви суми, или барем јас не сум подготвен“.

„Отсекогаш сум бил обичен фудбалер, напредува со помош на напорна работа и пот, па кога ќе добиете ваков договор, ве погодува многу, особено вашето семејство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×