Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со Рамус Хојлунд по само една сезона на „Олд Трафорд“. Според информациите од Англија и Италија, данскиот голгетер се приближува до трансфер во Милан.
Двата клуба веќе разговараат за договор кој би вклучувал едногодишна позајмица вредна шест милиони евра, со право на целосен откуп по завршувањето на сезоната за дополнителни 45 милиони евра.
Хојлунд се надеваше дека ќе остане во составот на „црвените ѓаволи“ и ќе се избори за место во стартната постава, но пристигнувањето на Бенјамин Шешко го стави во втор план. Самиот Аморим не сметал сериозно на Хојлунд, иако тој сакаше да остане во клубот.
Милан би можел да биде идеална дестинација за 21-годишниот Данец, кој веќе има успешно искуство во Серија А од времето кога го носеше дресот на Аталанта, пред трансферот во Јунајтед вреден речиси 78 милиони евра.