183
По цели 15 години на селекторската позиција, Лук Холц си поднесе оставка од кормилото на фудбалската репрезентација на Луксембург за да го преземе германскиот третолигаш Манхајм. Веста ја потврди и Фудбалската федерација на Луксембург, која сега ќе мора да бара нов стратег за националниот тим.
Холц го водеше Луксембург на 144 натпревари и забележа 33 победи, 29 ремија и 82 порази, што му го донесе вториот најдолг селекторски мандат во Европа, веднаш зад Колд Алварез од Андора.
Се очекува во следниот период Луксембург да го назначи наследникот на Холц.