Навивачите во Турција се нешто друго: Пет милиони коментари го канат Санчо во Бешикташ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Навивачите на Бешикташ предизвикаа вистинско лудило на Инстаграм во обид да го доведат Џејдон Санчо во Турција.

Последната објава на англиското крило има неверојатни пет милиони коментари, а огромен дел од нив се пораките „Дојди во Бешикташ“ од страна на турските фанови. Вакво нешто ретко се гледа на социјалните мрежи, а останува да видиме дали Санчо ќе попушти под притисокот и ќе тргне кон Истанбул.

Објавата на Санчо е меѓу најкоментираните во историјата на Инстаграм и според неофицијалните информации е на четвртото место на вечната листа.

Англичанецот ова лето се поврзува со камбек во Борусија Дортмунд, интерес покажува и Јувентус, но навивачката кампања на Бешикташ изгледа е далеку погласна од конкуренцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×