Родриго се огласи на социјалните мрежи по најавите дека Манчестер Сити влегува во трката за потписот на Бразилецот, напаѓачот со кратка и јасна порака покажа дека се фокусира само на Реал Мадрид.
Родриго цело лето е дел од трансфер шпекулациите, се говори дека тој не е задоволен од својот статус и тоа што паднал во втор план по пристигнувањето на Килијан Мбапе и Џуд Белингем, па размислува за трансфер.
Арсенал, Тотнем и Ливерпул се посочуваа како можна дестинација, а вчера се појавија и гласини кои велеа дека Манчестер Сити се приклучува во трката.
„Граѓаните“ останаа без Џек Грилиш, а можат да останат и без Савињо, па се подготвени да инвестираат 100 милиони евра за ангажман на Родриго.
По последните шпекулации, Родриго се огласи на социјалните мрежи и со кратка и јасна порака покажа дека се фокусира само на Реал Мадрид.
„Хала Мадрид“ – гласеше пораката на Бразилецот во придружба со бело срце, и многумина го толкуваат како сигнал дека тој останува во главниот град на Шпанија.
HALA MADRID 🤍 pic.twitter.com/7MXMJM5KCJ
— Rodrygo Goes (@RodrygoGoes) August 12, 2025