Новинарот Фабрицио Романо открива дека Алехандро Гарначо на ум има само трансфер во Челси и бара од Манчестер јунајтед што поскоро да договори трансфер со „сините“ од „Стемфорд Бриџ“.
Алехандро Гарначо нема иднина на Олд Трафорд откако го крена гласот во финишот на минатата сезона и влезе во конфликт со тренерот Рубен Аморим.
Последните информации велат дека младиот Аргентинец на ум ума само трансфер во Челси и на три недели пред крајот на преодниот рок почнува да врши притисок.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, офанзивниот фудбалер им порачал на директорите: „Или ќе ме продадете на Челси, или ќе останам тука и ќе дремам на клупа 6-12 месеци!“
Челси се надева дека ќе може да го ангажира Алехандро Гарначо за 30 милиони фунти, односно двојно помалку од тоа што се нудеше за Аргентинецот во јануари.
Манчестер јунајтед пак бара околу 50 милиони фунти за да се раздели со репрезентативецот на „гаучосите“.
Останува да се види дали двата клуба ќе пронајдат компромис до крајот на месецот.