163
Ренџерс го пречека Данди (1-1) во второто коло од шкотскиот шампионат, а натпреварот го одбележа трагедија на трибините.
На социјалните мрежи најпрво се појави информација дека медицински екипи морале итно да реагираат, откако на 70-годишен навивач на Ренџерс му се слошило.
Навивачот бил пренесен во болница, меѓутоа докторите не успеале да го спасат, а за инцидентот пристигна потврда и од полицијата.