Сандерленд е сериозен, промовира десетто ново име!

by 24 фудбал
1 минути читање

Артур Масуаку е нов фудбалер на Сандерленд, потврди денес клубот од Англија. Репрезентативецот на Демократска Република Конго стави потпис на договор со важност од две години.

Искусниот 31-годишен лев бек во изминатите три сезони го носеше дресот на Бешикташ, а претходно играше за Вест Хем, Олимпијакос и Валенсиен. Минатата сезона настапи на 47 натпревари за турскиот клуб во сите натпреварувања.

Масуаку стана десеттото засилување за Сандерленд во овој летен преоден рок. Тој има настапи за младинските селекции на Франција, а од 2018 година е дел од репрезентацијата на ДР Конго. „Црните мачки“ на 16 август ќе го дочекаат Вест Хем во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×