Салах жестоко ја нападна УЕФА: Кажете ни како умре, каде и зошто!

by Стефан
1 минути читање

Eвропската фудбалска федерација (УЕФА) во текот на вчерашниот ден се прости од палестинскиот репрезентативец, Сулејман Ал-Обеид кој во средата беше убиен во израелскиот напад.

„Збогум Сујлеман Ал-Обеид, „палестинскиот Пеле“. Талент кој давааше надеж на безброј деца, дури и во најтешките моменти“, напиша УЕФА.

Поради ова се огласи Мохамед Салах кој ја критикуваше УЕФА поради тоа што не наведува дека Израел е причината за неговата смрт.

„Кажете ни како умре, каде и зошто“, објави фудбалерот на Ливерпул

Можно е и ова да ти се допаѓа

×