Луис Енрике го крена гласот па ПСЖ во 24 часа договори две засилувања вредни 120 милиони

by bojan
1 минути читање

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике изрази незадоволство од работата на трансфер пазарот, па ПСЖ во 24 часа ги договори Лука Шевалие од Лил и Илија Забарњи од Борнмут.

„Светците“ следната недела ја почнуваат новата сезона, во среда го играат Суперкупот на Европа против Тотнем, па Луис Енрике го крена гласот и изрази незадоволство од тоа што бавно се одвиваат работите кога се во прашања засилувањата.

Па ПСЖ веднаш реагираше и ги финишираше преговорите за ангажман на Лука Шевалие од Лил и Илија Забарњи од Борнмут.

Голманот ќе пристигне во зделка вредна околу 55 милиони евра, односно 40 милион како фиксен дел и додатни 15 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

За услугите на дефанзивецот ќе бидат платени околу 62 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Се очекува двајцата да ги комплетираат трансферите до крајот на неделата и да бидат во тимот за пресметката со „спарси“ во Удине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×