Манчестер јунајтед ја одреди цената на Хојлунд, речиси двојно помалку од тоа што плати

by bojan
1 минути читање

Новинарот Бен Џејкобс објави дека Манчестер јунајтед ја оредил цената на Расмус Хојлунд и ќе бара околу 40 милиони фунти за продажба на напаѓачот, пред само две години „ѓаволите“ платија 72 милиони фунти за негов ангажман.

Манчестер јунајтед ја отвара вратата за заминување на Расмус Хојлунд откако го договори трансферот на Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг.

Како што пренесува новинарот Бен Џејкобс, „ѓаволите“ поставиле цена од 40 милиони фунти, речиси двојно помалку од тоа што го платија.

Данецот се пресели на Олд Трафорд од редовите на Аталанта пред две години во зделка вредна околу 72 милиони фунти.

Сепак, тој не ги оправда очекувањата па затоа Манчестер јунајтед оваа недела се реши да инвестира нови 73,7 милиони фунти за ангажман на голгетерот од Словнеија.

Бен Џејкобс додава дека во моментов Расмус Хојлунд сака да остане на Олд Трафорд и да се бори за место во тимот.

Интерес за неговите услуги пројавуваат клубови од Серија А и Саудиска Арабија, а се распрашувал и РБ Лајпциг.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×