Тотнем го потврди црното сценарио, Медисон го чека долга пауза

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем доби лоши вести во пресрет на новата сезона, откако повреда заработи Џејмс Мадисон, еден од клучните фудбалери во тимот. Англискиот репрезентативец се повреди на пријателскиот натпревар против Њукасл и предвреме го напушти теренот, жалејќи се на болки во коленото.

По направените прегледи, дијагнозата ги загрижи сите во таборот на „петлите“. Станува збор за пукнатина на лигаментот на десното колено, повреда што бара оперативен зафат.

Клубот не откри колку долго ќе отсуствува Мадисон, но првичните проценки се дека камбекот би можел да се случи дури во 2026 година.

Овој развој на настаните е сериозен удар за Тотнем, кој и онака имаше нестабилна форма минатата сезона, а губи играч кој беше двигател на средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×