Рубен Аморим го идентификувал Карлос Балеба од Брајтон како идеално засилување за средниот ред на Манчестер јунајтед, но популарните „галеби“ преферираат да го задржат фудбалерот уште една сезона и ќе бараат 100 милиони фунти за негова продажба.
„Ѓаволите“ се уште не го комплетирале трансферот на Бенџамин Шешко, а медиумите веќе шпекулираат за следната зделка.
Неколку извори доцна синоќа објавија дека Рубен Аморим го идентификувал Карлос Балеба од Брајтон како идеално засилување за средниот ред.
Веќе е остварен контакт со агентите на фудбалерот и Манчестер јунајтед смета дека лесно ќе падне договор за висината на платата.
Но проблем ќе бидат преговорите со Брајтон, клубот од „Амекс“ стадионот дебело наплаќа за своите ѕвезди.
Популарните „галеби“ сакаат да го задржат Карлос Балеба барем уште една сезона и ќе бараат 100 милиони фунти за негова продажба.
„Имаме доста талентирани фудбалери во тимот, па секогаш ќе има интерес за нашите играчи. Манчестер јунајтед не остварил контакт со мене“ – вели генералниот извршен директор на Брајтон, Пол Барбер.
„Па во моментов се работи само за шпекулации. Карлос е фантастичен фудбалер, се надевам дека долги години ќе го носи нашиот дрес, но светот на фудбалот е динамичен и непредвидлив“.
Карлос Балеба пристигна во Брајтон летото во 2023 од редовите на Лил во зделка вредна околу 27 милиони евра, и изминативе две сезони се промовираше во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Премиерлигата.
Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал исто така го имаат Камерунецот во своите бележници.
ФОТО: fb/Brighton & Hove Albion FC