Перишиќ пред трансфер: Може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

by Стефан
1 минути читање

Според информациите на српски „Телеграф“, Иван Перишиќ би можел кариерата да ја продолжи во Србија и тоа во дресот на Нови Пазар.

Неодамна овој клуб се раздели со Адем Љајиќ кој им се придружува на Стефан Ристовски и Агон Елез во Сарајево, но во Нови Пазар брзо би можеле да доведат ново големо име.

Во својот текст „Телеграф“ наведува дека преговорите помеѓу двете страни се веќе во поодмината фаза, но детали за потенцијалниот трансфер засега не се откриваат.

Нема дилеми дека трансферот на Перишиќ во Нови Пазар би бил вистинска сензација за клубот, бидејќи станува збор за фудбалер со искуство од најголемата светска сцена.

Низ својата кариера го носеше дресот на Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн, Тотнем, Хајдук и ПСВ каде што во овој момент е член.

Фото: PSV/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×