Eкипата на Барселона во изминатата сезона ги освои сите три домашни трофеи, а дури четири пати успеа да го победи најголемиот ривал Реал Мадрид, единствено беа разочарани во Лигата на шампионите каде што Интер ги елиминираше.
Каталонскиот „Спорт“ денеска пред пчетокот на сезоната пишува за силата на каталонскиот гигант, анализирајќи го составот по азиската турнеа каде што Флик им даде шанса на сите фудбалери, но и на младинци како што се: Дро, Тоони Фернандез и Торентс.
Според анализата, Флик сезонава на располагање има два и тоа како силни екипи. Предност во овој момент на голот се дава на Жан Гарсија, пред Шчесни, додека новајлиите Маркус Рашфорд и Рони Бардги со повратникот Марк Бернал одат во „Б“ тимот.
Според новинарите на „Спорт“ во „Б“ тимот на Барселона се уште: Гави, Касадо, Фермин Лопез, Феран Торес, Ерик Гарсија, Араухо, Кристенсен и Жерард Мартин.
Тука се додаваат и фудбалерите кои покажаа квалитет во текот на припремие каков трет избор на одредени позиции.
