Жозе Мурињо со емотивни зборови се прости од Жорж Коста, капитенот на тимот на Порто кој во 2004 направи голема сензација и ја освои Лигата на шампиони.
Португалскиот фудбал повторно тагува, на 53 годишна возраст ненадејно почина Жорж Кошта, кој од 2024 е спортски директор на Порто.
Жозе Мурињо беше видно потресен од смртта на неговиот поранешен играч, па со солзи во очите и емотивни зборови се прости со својот сонародник.
„Жорж е дел од моето минато, значаен дел од мојата историја“ – вели Жозе Мурињо за човекот кој беше капитен на тимот на Порто кој во 2004 направи голема сензација и ја освои Лигата на шампиони.
„Имате капитени, и имате лидери. Не е важна капитенската лента на раката, туку постапките кои ги правите“.
„Обожавав да кажам дека тој беше човекот што го чистеше ѓубрето, човекот кој сите ги држеше под конец. За секој тренер е благослов да се има таков играч во тимот“.
„Уништен сум, во моментов не можам да мислам на фудбал, мислам само на него. Но ако сега можеше да ми прозбори, ќе ми кажеше, „Заврши ја прес-конференцијата, заборави на мене и фокусирај се на натпреварот, победи“. Па тоа и ќе го направам, ќе ја завршам мојата работа денес, ќе ја завршам работата и утре… и ќе плачам подоцна“.
José Mourinho won in 2004 de Champions League met FC Porto. Jorge Costa was toen zijn aanvoerder. De voormalig profvoetballer overleed vandaag op 53-jarige leeftijd aan een hartstilstand. pic.twitter.com/rzSHknimIp
— Voetbalzone (@voetbalzonenl) August 5, 2025