Вечерва ќе падне рекорд – најкраткото гостување во европскиот фудбал!

by riste
1 минути читање

Кога ќе почне мечот меѓу Малме и Копенхаген, официјално ќе биде срушен рекордот во најкраткото гостување во историјата на европскиот фудбал.

Сега рекордот го држи дуелот меѓу Слован Братислава и Рапид Виена со одалеченост од 53 километри.

Но, фудбалерите на Копенхаген минале само 40 километри за да дојдат до Малме каде што вечерва имаат меч од квалификациите за Лигата на шампионите.

Двата града ги дели море и поврзани се со мостот „Оресунд“ кој е долг 16 километри и води од Малме до Копенхаген. Осум километри од мостот се возат над морето, а потоа се влегува на вешачкиот остров Пеберхолм од каде што има подводен тунел од четири километри.

Кога е рекордот за најдолгото растојание тука рекордот го држат Бенфика и Астана од Казахстан кои ги делат 6.164 километри. Инаку, ако некогаш се соочат најдолгото растојание во Европа би било помеѓу Санта Клара и Шахтјор Караганди од 7.500 километри или 22 часа лет со авион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×