Според последните најави, Зинедин Зидан е се поблиску до враќање на тренерската работа, иако неговото име не се споменуваше во летниот преоден рок.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид има јасен план да ја преземе клупата на француската репрезентација.
Дека оваа клупа е негова голема желба потврди и самиот Зидан неодамна.
„Во овој момент репрезентацијата има селектор и тоа треба да се почитува. Но, кога ќе дојде време, ќе ми биде големо задоволство, ако добијам прилика. Својата кариера ја ставив на пауза некое време, но наскоро ќе се вратам и понатаму се чувствувам како тренер“, порача Зидан.
Дополнително на оваа тема зборуваше новинарот Жилберт Брибоис во неговата емисија на телевизијата „РМЦ“.
„Дидие Дешеамп доаѓа во 2026 година на клупата. За една година ќе го имаме Зидан! Каква радост, работата е завршена“, изјави познатиот новинар.