Eкипата на Шкендија денеска ќе игра натпревар против Карабах во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а пред овој дуел обраќање до јавноста имаше првиот човек на клубот, Лазим Дестани.
Дестани преку социјалните мрежи испрати порака до фановите да не се дозволи никаков говор на омраза.
„Со најголема емоција за досегашните успеси, нашиот сон продолжува. Со голема посветеност и фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите кои ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите.
Денес сите ќе бидеме на трибините, пеејќи ги нашите песни на победата и давајќи им поддршка на нашите играчи и стручен штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да нè подлегнуваме на провокации.
Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не нè претставува и не е дел од нашата култура. Ние, публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч, сме пример покажувајќи го нашиот висок стандард и достоинствено претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде кон победата! Шкендија над сè!“, истакна првиот човек на македонскиот шампион.
Средбата помеѓу Шкендија и Карабах се игра во терминот од 20:00 часот.