Ливерпул во еден ден двапати го победи Атлетик Билбао (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул и Атлетик Билбао денеска направија нешто неевобичаено во фудбалот и одиграа два пријателски натпревар во еден ден.

Првиот натпревар се играше во 18:00 часот во него шанса добија најголем дел од фудбалерите кој во текот на сезоната се на клупата за резерви и во него „црвените“ беа убедливи славејќи победа од 4-1. Стрелци за тимот на Слот беа тинејџерот Нгумога, Дарвин Нуњез и Елиот, додека Падиља си постигна автогол. Почесниот гол за Баскијците беше дело н Груузета.

Овој дуел беше и прв на „Енфилд“ по трагичната смрт на Диого Жота, па во 20. минута беше прекинат да се оддаде почит на Португалецот.

И вториот натпревар од 21:00 часот во кој настапија повеќе стартери заврши со победа на англискиот гигант, сега од 3-2. Погодуваа Салах и Гакпо двапати. Египќанецот во финишот не реализираше и пенал. За Билбао по еден гол постигнаа Санчет и Санади.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×