Во пријателскиот меч против Даег од Јужна Кореја, кој Барселона го доби со убедливи 5-0, англискиот напаѓач Маркус Рашфорд го запиша својот прв гол во дресот на каталонскиот клуб.
Тренерот Ханси Флик му ја довери улогата на најистурен во нападот, а Рашфорд постојано создаваше проблеми за противничката одбрана и покрај голот влезе во уште неколку прилики. По натпреварот, поранешниот француски ас Тиери Анри не штедеше на пофалби за Англичанецот, но упати и еден корисен совет:
„Совет за Рашфорд? Нека учи од Левандовски, а потоа да го наследи. Рашфорд има брзина и реализација, а потребно е уште да ги научи движењата на Левандовски и да биде голем голгетер. Триото, Јамал, Рафиња и Рашфорд може да доминира во Европа во наредните години“, изјави Анри.
Позитивен коментар за новото засилување имаше и тренерот на Барса, Ханси Флик, кој објасни зошто Рашфорд играше на таа позиција.
„Рашфорд може да игра како лево крило и како напаѓач. Денес играше како напаѓач бидејќи Феран Торес имаше мали проблеми. Најважно е да ни го носи она што е потребно и да имаме повеќе опции во нападот“, нагласи германскиот стратег.