Прв натпревар на Енфилд, 20-та минута и цел стадион стана на нозе во чест на Диого Жота (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Ливерпул попладнево го одигра првиот натпревар на Енфилд по трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, пресметката со Атлетик Билбао беше прекината во 20. минута и цел стадион стана на нозе во чест на Португалецот.

„Црвените“ беа погодени од голема трагедија пред почетокот на новата сезона, во сообраќајна несреќа почина Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.

Денеска момците на Слот го играа првиот натпревар на „Енфилд“, па сосема очекувано, пресметката против Атлетик Билбао беше прекината во 20. минута и цел стадион стана на нозе во чест на Португалецот.

Легендата на „црвените“ Фил Томпсон и претседателот на Билбао, Жон Уриарте положија венец цвеќе пред трибината Коп, а навивачите ги скандираа своите познати песни за Диого Жота.

А ваква изгледаше познатата „You’ll never Walk Alone“ пред почетокот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×