Винисиус Жуниор не попушта, бара да биде најплатен фудбалер за да продолжи со Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
Мбапе, Винисиус, Реал Мадрид

Медиумите од Шпанија велат дека Винисиус Жуниор нема намера да попушти во преговорите со Реал Мадрид за нов договор, Бразилецот бара 25 милиони евра нето по сезона за да продолжи во белиот дрес.

Винисиус Жиниор во последно време често е дел од трансфер шпекулациите поради неговите преговори со Реал Мадрид за продолжување на соработката.

Преговорите влегоа во ќор сокак откако Бразилецот побара да има примања на висина на оние на Килијан Мбапе.

Во емисијата „Ел Ларгуеро“ на Кадена СЕР беа откриени нови детали, Винисиус Жуниор сака плата од 25 милиони евра нето по сезона за да продолжи да го носи белиот дрес.

Тој инсистира да биде најплатениот во тимот, и сега на потег се „кралевите“.

Актуелниот договор на Вини е до 2027 година со откупна клаузула од 1 милијарди евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×