Ливерпул би можел брзо да достави нова понуда за ангажман на Александер Исак и на маса да стави фантастични 140 милиони фунти.
„Црвените“ денеска понудија 120 милиони фунти за ангажман ан Александер Исак, но Њукасл го одби предлогот.
Се шпекулира дека следната недела ќе биде интересна, Ливерпул не сака цел месец да се развлекува трансфер сагата па на маса ќе стави нов предлог тежок околу 140 милиони фунти.
Тој ќе биде составен од сума од 80 милиони фунти која ќе биде платена сега, дополнителни 50 милиони фунти следната година, како и додатни 10 милиони евра во бонуси.
Но има и конфликтни извештаи кои велат дека Ливерпул нема да достави втора понуда и ќе чека Њукасл да го омекне ставот, односно да покаже волја да преговара за продажба на Александер Исак.
Се верува дека клубот од „Сент Џејмс Парк“ за да почне да размислува за продажба на Александер Исак мора да ангажираа соодветна квалитетна замена.