Се подготвува голема „чистка“ во Челси: Мареска не смета на 17 фудбалери

by Стефан
1 минути читање

Според последните најави од Островот, англискиот гигант Челси се подготвува за голема чистка во своите редови, а клубот би можеле да го напушат од 17 фудбалери.

Медиумите најавуваат  дека тренерот Енцо Маареска не смета на услугите на: Веига, Дисасија, Сар, Бадијаски, Анселмино, Чилвел, Гилкирст, Угучукву, Чуквумеке, Дјусбери-Хол, Паез, Стерлинг, Џексон, Нкунку, Броја, Гуи и Фофана.

Сите овие фудбалери можат да бараат нови клубови, а на нивните места треба да пристигнат нови имиња. Најголеми желби се Хато од Ајакс и Чави Симонс за средниот ред.

Ќе потсетиме Челси летово стигна до трофејот на Светското клупско првенство кое се одржа во САД.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×