Ѓокереш го прашаа за понудата од Манчестер Јунајтед: Сакав само во Арсенал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Виктор Ѓокереш летово направи голем камбек во Англија и потпиша со Арсенал, каде што се гледа како клучен човек за решавање на хроничниот проблем во нападот.

Шведскиот голгетер важеше за еден од најбараните играчи на пазарот, но самиот откри дека изборот бил многу јасен.

Манчестер Јунајтед? Имаше многу заинтересирани клубови, но јас сакав само во Арсенал. За мене, ова е најдобриот можен избор. Трансферот не беше лесен, имаше луѓе што постојано зборуваа низ медиумите и мислеа дека го штитат интересот на клубот“, изјави Ѓокереш.

Долго време траеше сагата и преговорите околу трансферот, меѓутоа конечно се исполни желбата на „топчиите“, но и самиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×