„Дефанзивниот“ Милан на Алегри даде девет гола во Австралија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан убедливо го совлада Перт Глори 0-9 во пријателски натпревар што покажа дека „росонерите“ се на вистински пат во подготовките.

Избраниците на Макс Алегри го отворија резултатот уште во 3. минута преку Филипо Терачанио, а потоа следеше тотална доминација. Ноа Окафор погоди двапати (23 и 27 минута), Комото беше прецизен од белата точка, а Чуквуезе го заокружи првото полувреме со 0-5.

Во вториот дел продолжи шоуто. Рафаел Леао стрелаше веднаш по паузата, а Самуеле Ричи се потпиша со маестрален деби-гол во дресот на Милан. Во финишот Јунус Муса и Леао повторно се запишаа во листата на стрелци за конечни и понижувачки 0-9 за тимот од Австралија.

Милан до крајот на турнејата ќе одигра уште два теста – против Лидс и Челзи во Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×