148
Витор Реис побарал да си замине од Манчестер Сити и да оди на позајмица за да добие поголема минутажа и простор за развој.
19-годишниот стопер дојде на „Етихад“ од Палмеирас во јануари 2025 година за 30 милиони евра, но и покрај проблемите со повреди во тимот, не доби значајна улога кај Пеп Гвардиола.
Сити и оваа сезона ќе има жестока конкуренција на неговата позиција. Рубен Дијас, Јошко Гвардиол, Џон Стоунс, Мануел Аканџи, Нејтан Аке и младиот Абдукодир Хасанов го прават изборот во одбраната крајно ограничен за Бразилецот.
Англиските медиуми пренесуваат дека интерес за Реис покажале Порто и Баер Леверкузен, кои би можеле да му понудат поголема улога и простор за напредок.