238
Во дресот на Ливерпул на подготовките за новата сезона шанса добив Рио Енгумоха, 16-годишникот кој постигна и гол во натпреварот против Јокохома (3-1).
Енгумоха веќе дебитираше за првиот тим и на официјален натпревар и тоа во ФА Купот на 11 јануари против Акрингтон.
Со тој настап стана и најмладиот фудбалер кој заиграл во дресот на „црвените“.
Иако сега е на самиот почеток од својата кариера тој е убеден и верува дека еден ден ќе биде освојувач на „Златната топка“.
„Верувам дека можам да ја освојам „Златната топка“. Сакам да бидам фудбалска легенда и еден од најдобрите на сите времињ“, порача Енгумоха.
🏴 Ngumoha's goal for Liverpool to 3-1 v Yokohama pic.twitter.com/20nhUaIYFL
— Echo FC (@theechofc) July 30, 2025