224
Дефанзивецот Виктор Реис за кого Манчестер сити плати на бразилскиот Палмеирас 30 милиони евра според последните информации побарал да замине.
Имено, Реис кој има 19 години во редовите на „граѓаните“ пристигна во јануари, но на „Етихад“ не бил задоволен од статусот кој го има кај Пеп Гвардиола.
Според информациите на Островот, Реис сака да биде испратен на позајмица во клуб каде што ќе биде стандарден и ќе собира искуство.
Во Манчестер сити има голема конкуренција од: Рубен Дијас, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс и Абдукодир Хасанов, па така е далеку од првиот тим.
Како можни дестинации за фудбалерот веќе се споменуваат Порто и Баер Леверкузен.