Бекали ја понижуваше Шкендија, а сега е шокиран: Што да правам, Бог не се грижеше за мене!

by Стефан
1 минути читање

Шкендија славеше победа против ФЦСБ и во Букурешт со 2-1 каде што беше подобар противник од домаќините, а по натпреварот разочарувањето не го криеше ниту првиот човек на романскиот претставник, Џиџи Бекали.

Пред двомечот, Бекали беше убеден во успех на неговиот тим и зборуваше дека Шкендија нема да биде никаква пречка, меѓутоа на теренот беше поинаку, па сега во свој стил испрати честика до македонскиот шампион.

„За фудбал повеќе нема да зборувам. Ви честитам, вие се молевте подобро од мене. Во наредните месеци ќе го заборавам фудбалот, срамно е тоа што се случи. Што можам да направам јас, ако Бог се грижи за вас, не за мене. Битката за Лигата на шампионите е минато, сега ќе се насочам кон животот. Најважно што никој не умре и никој не е болен. Зборував за фудбал кога тимот ми даваше право, сега немам што да зборувам“, порача Бекали.

Шкендија во следното коло ќе игра со Карабах, додека ФЦСБ продолжува во квалификациите за Лигата на Европа каде што ќе се соочи со косовска Дрита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×