Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа освен фудбалот има и друга спортска пасија. Станува збор за авто-мото спортовите и тркањето.
„Уште како дете гледав Формула 1, особено со Михаел Шумахер и Ферари. Следев дури и Мото ГП, ама воглавно имав страст кон автомобилското тркање и Формула 1, па гледам дури и Форула 2 и 3“, откри Белгиецот.
Тој дури откри дека по крајот на фудбалската кариера би сакал да се проба во некоја пониска тркачка серија како ГТ3.
„Кога ќе престанам да играм фудбал, учество во ГТ3 трка би било остварување на сонот. Не си ги знам способностите и ако во нешто учествувам, не би сакал да бидам три секунди зад сите. Прво сакам да знам дали сум воошто способен, бидејќи за такво нешто се потребни многу тренинзи. Не ме собира во болид од Форума, главата ми виси над „хало“ системпот во Ф4 болид, така што не е безбедно“, заклучи Куртоа.
Тибо Куртоа веќе директно е инволвиран во тркачките спортови. Белгиецот во 2023 година заедно со поранешниот Формула 1 возач Роберт Мерхи го започна проектот ТЦ Рејсинг со кој се натпреварува во Формула 4, односно шпанскиот дел од првенството.