Ккао што пренесува Индипендент, Манчестер јунајтед опипува терен за трампа со Челси и Астон Вила, во центарот на зделката е Алехандро Гарначо, кој би бил испратен во Лoндон или Бирмингем во замена за Николас Џексон, односно Оли Воткинс.
Алехандро Гарначо не е дел од плановите на Рубен Аморим, но Манчестер јунајтед се мачи да најде купец за перспективниот Аргентинец.
Последните информации велат дека „ѓаволите“ опипуваат терен за трампа во која ќе биде инволвиран Алехандро Гарначо.
Една опција е фудбалерот да биде испратен во Челси во замена за Николас Џексон, додека пак друга опција е преселба во Бирмингем во замена за Оли Воткинс.
Со една ваква зделка, Манчестер јунајтед ќе реши два проблеми – ем ќе се ослободи од Алехандро Гарначо, ем ќе донесе напаѓач.