Жоао Феликс стави потпис на двегодишна соработка со Ал Наср, фудбалерот реши со 25 години да се пресели во Саудиска Арабија откако доби предлог тежок 70 милиони евра.
Жоао Феликс беше на чекор до враќање во Бенфика, клубот од неговото детство, но работите се променија откако доби телефонски повик од Кристијано Роналдо.
ЦР7 потоа му го испрати и својот приватен авион, па Жоао Феликс во неделата пристигна во Салцбург на лекарски прегледи со Ал Наср.
Откако беа комплетирани сите формалност, Жоао Феликс стави потпис на договорот и со 25 години се сели во Саудиска Арабија.
Очигледно понудата тешко се одбива, се шпекулира дека Португалецот ќе заработи околу 70 милиони евра за две години.
Зделката е прилично поволна и за Челси, „сините“ ќе добијат 30 милиони како фиксен дел, плус 20 милиони евра во лесно остварливи бонуси, со што ќе ја поврати сумата која ја плати пред 12 месеци на Атлетико Мадрид.
ФОТО: X/AlNassr FC