Ако не успее да го доведе Исак, Ливерпул решението го гледа во Португалија

by 24 фудбал
1 минути читање

Александер Исак останува прва цел на Ливерпул, но доколку пропадне трансферот на Швеѓанецот, „црвените“ имаат подготвен план Б, а тоа е Саму Омородион.

Младиот шпански напаѓач зад себе има одлична сезона во дресот на Порто со 19 гола на 30 натпревари во португалското првенство. Блескаше и на европската сцена со 6 гола во Лига Европа, а се запиша меѓу стрелците и на Светското клупско првенство со 2 погодоци на 3 настапи.

Минатото лето тој беше блиску до трансфер во Челси, но на крај заврши во Порто каде ја потврди својата класа. Неговата моментална вредност изнесува околу 50 милиони евра, што е тројно помалку од сумата што Ливерпул треба да ја плати за Исак (150 милиони).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×