263
Камер Ќака ќе го пропушти реваншот со ФКСБ, бидејќи УЕФА го суспендираше на еден натпревар.
Фудбалерот за врска на Шкендија доби црвен картон на првиот меч против романскиот клуб во Скопје (1-0), а сега од Комисијата за контрола, етика и дисциплина на УЕФА стигна и официјалната казна. Одлуката ги израдува тетовчани бидејќи суспензијата е минимална.
Тоа значи дека Ќака нема да биде дел од тимот за реванш-средбата што ќе се игра на 30 јули во Букурешт, но ќе биде на располагање за потенцијалниот меч во третото квалификациско коло од европските натпреварувања.