Му пресуди натпреварот против Шкендија: Бекали и официјално го избрка фудбалерот кој разочара во Скопје

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на ФЦСБ минатата недела доживеа пораз во Скопје од Шкендија со 1-0 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите, а овој пораз предизвика големо незадоволство кај првиот човек на клубот.

Бекали веднаш по натпреварот јавно зборуваше дека двајцата фудбалери Стефанеску и Периану кои влегоа како замени ќе го напуштат клубот затоа што одиграле под очекувањата.

„Периану и Стефанеску немаат место во овој тим. Тие ќе бидат избришани од списокот за европски натпревари“,гласеше неговата изјава.

Дека не се шегувал покажува и тоа шшто Мариуш Стефанеску веќе и официјално е продаден и кариерата ќе ја продолжи во Коњаспор каде што неодамна пристигна и македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

За Стефанеску Коњаспор ќе биде прв клуб надвор од неговата татковина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×