Претседателот на Комо, Мирван Суварсо вели дека е невозможно да се ангажира Лео Меси и стави крај на лудите шпекулации.
Пред пет дена, Сеск Фабрегас изјави „никогаш не велете никогаш“ на прашањето за можноста неговиот добар пријател Лео Меси да се пресели на северот во Италија.
Ваквите коментари предизвикаа лавина луди шпекулации, но претседателот на Комо веднаш испрати демант.
„Според мене, невозможно е да се ангажира Лео Меси“ – рече Мирван Суварсо по синоќешната победа над Ајакс.
Во моментов Комо е најголемиот трошаџија ова лето во Серија А, инвестираше преку 100 милиони евра во нови засилувања.
Ова не е случајно, сопствениците на клубот, браќата Хартоно вредат преку 40 милијарди долари.