ПСЖ не сака да биде уценуван од Донарума, преговара за ангажман на голман од 40 милиони

by bojan
1 минути читање
Донарума пред заминување, ПСЖ го ангажира Шевалие

„Светците“ се на добар пат да го ангажираат Лука Шевалие од Лил откако запнаа преговорите со Џиџо Донарума за продолжување на соработката, се шпекулира со трансфер од 40 милиони евра.

Џиџо Донарума е под договор со ПСЖ до јуни 2026, а преговорите за нова соработка подолго време тапкаат во место.

Проблем е висината на платата, како и тоа што „светците“ инсистираат на понизок фиксен дел и поголем варијабилен дел поврзан со перформансите на голманот.

Италијанецот не сака да ги прифати условите, па ПСЖ полека крева раце и се насочува кон ангажман на нов голман.

Изборот паднал на Лука Шевалие од Лил, тренерот Луис Енрике веќе разговарал со него и во детали му ги објаснил плановите и проектот.

Голманот за кратко време кажал ДА, па сега Насер Ал Келаифи преговара со своите колеги од Лил за висината на трансферот – се шпекулира со зделка вредна околу 40 милони евра.

Што се однесува до Џиџо Донарума, за услугите на Италијанецот интерес пријавуваат голем број на клубови како Челси, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Интер, Баерн Минхен и Галатасарај.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×