Официјално: Виктор Ѓокереш е нова 14-ка на Арсенал!

by 24 фудбал
1 минути читање

По неколкунеделна сага и интензивни преговори со Спортинг, Арсенал конечно го комплетираше најголемото засилување во летниот преоден рок. Виктор Ѓокереш е нов фудбалер на англискиот гигант.

Шведскиот голгетер вчера пристигна во Лондон, а денеска стави потпис на договор до 2030 година. „Топџиите“ ќе му исплаќаат годишна плата нешто под девет милиони евра, а трансферот е вреден 63 милиони плус уште 10 во бонуси, што го прави еден од најскапите напаѓачи во клупската историја.

Арсенал долго работеше на ангажманот на Ѓокереш, кој блесна во дресот на Спортинг и беше една од најбараните „деветки“ на пазарот. Микел Артета добива силно оружје во нападот со надеж дека токму Швеѓанецот ќе биде клучот за напаѓање на титулата.

Покрај него, Арсенал досега ги донесе и Зубименди, Москера, Норгард, Мадуеке и Кепа. Лондонскиот клуб јасно покажува дека оваа сезона оди на сè.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×