Александер Исак одби луда понуда од Саудиска Арабија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Саудискиот гигант Ал-Хилал сериозно работи на доведување на шведскиот напаѓач Александер Исак, пишува „Гардијан“. Според информациите, клубот од Арапскиот полуостров подготвил неверојатна финансиска понуда што ја надминува конкуренцијата.

Исак би можел да заработува и до 700.000 евра неделно, што на годишно ниво изнесува околу 36 милиони евра. Сепак и покрај оваа сума делува дека Исак воопшто не е заинтересиран за трансфер во Саудиска Арабија.

Интересно е што и Њукасл, кој сега го има Исак во својот состав, е под контрола на саудискиот инвестициски фонд, ист како и Ал-Хилал, што ја елиминира можноста за конфликт меѓу клубовите. Сепак, Ал-Хилал ќе мора да исплати значително обештетување за трансферот, кое засега е недостижно за другите заинтересирани екипи.

Главен конкурент за потписот на Исак и веројатно во пол-позиција е Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×