Атлетико купи бек од Алмерија, а договори и стопер од Феенорд

by 24 фудбал
0 минути читање

Атлетико Мадрид сериозно се засилува во дефанзивата. Откако го официјализираше потписот на Марк Пубиљ од Алмерија, договорен е и трансферот на Давид Ханцко од Феенорд.

Клубот од „Ванда Метрополитано“ за словачкиот репрезентативец Ханцко ќе плати 30 милиони евра фиксно, плус бонуси. Тој веќе го договорил личниот договор со Атлетико, откако пропадна неговиот трансфер во Ал Наср.

Пред Ханцко, Атлетико го потврди ангажманот на Марк Пубиљ. Десниот бек потпиша договор до 2029 година, а трансферот од Алмерија изнесува 16 милиони евра.

Двајцата треба да донесат свежина и стабилност во последната линија на тимот на Диего Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×